ОТПАДНИ МАСЛА ЗА ЈАДЕЊЕ
Отпадните масла за јадење се создаваат во големи количини секој ден. Поради несоодветното отстранување на овој вид на отпад, тој претставува најчест причинител за загадување на водата, почвата и на 1/4 од сите загадувања.
Следејќи ги интернационалните практики на циркуларна зелена економија, во 2009 година Суниленс започна со собирање, складирање, преработка и третман на отпадни масла и масти за јадење (отпад со шифра 20 01 25 – Листа на видови отпад објавена во Сл. весник на РМ бр. 110/05). Како пионери во оваа индустрија во Македонија, воспоставивме ефикасен систем за целосно управување со отпадните масла за јадење. Преку користење на современа технологија, развиена логистичка мрежа и континуирана едукација на секој создавач на отпадни масла за јадење нашиот систем гарантира понатамошно искористување на енергетскиот потенцијал на овој отпад како суровина за добивање на обновлива енергија и намалување на штетните CO2 гасови во воздухот.
Нашата примарна цел е да ја зголемиме еколошката свест кај индустриските создавачи и домаќинствата за правилно собирање на отпадните масла за јадење. Суниленс се стреми кон практики на нула отпад за почиста животна средина и намалување на ризикот од загадување на водата и почвата која ќе го зголеми квалитетот на живот кај населението преку соодветно собирање и рециклирање на оваа значајна еко суровина со високи енергетски својства.
ЕКО УСЛУГИ ЗА СЕКОЈ СОЗДАВАЧ НА ОТПАДНИ МАСЛА ЗА ЈАДЕЊЕ
Преку сигурен и модерен систем за управување со отпадните масла за јадење со високо развиена колекторска мрежа и професионално обучен тим опслужуваме голем број на создавачи на употребени масла за јадење во прехранбената и угостителската индустрија низ цела Македонија. Нашиот систем обезбедува навремено и хигиенско собирање и отстранување на отпадот во специјална наменска амбалажа, безбеден транспорт, соодветно складирање и професионален третман во согласност со сите законски прописи и према највисоките европски стандарди за одржливост на животната средина.
ОД ОТПАД ДО ЕНЕРГИЈА
Преку ефикасно управување со циклусот на растителните масла за јадење создадовме синергија помеѓу процесите на достава и собирање. При снабдување на нашите клиенти со масла за јадење кои ги пласираме на македонскиот пазар, нашиот логистички систем обезбедува истовремено собирање на отпадните масла кои се отстрануваат при процесот на приготвување на храната. Преку овие услуги ние превземаме одговорност за собирање, транспортирање, складирање и третман на отпадот кој останува од маслата за јадење, притоа создавајќи додатни економски и еколошки вредности од овој отпад.
Нашата крајна цел е да креираме еко суровина која се користи за производство на биодизел и да ја заштитиме животната средина од непрописно фрлање на отпадните масла за јадење. Нашиот систем на собирање е во согласност со националниот Закон за управување со отпад и Законот за животна средина и ги следи највисоките европски стандарди за управување со отпадни масла за јадење.
Ги собираме вашите отпадни масла за јадење со надомест. Контактирајте не за да го подигнеме вашето отпадно масло и да ви доставиме соодветна амбалажа.
Доколку сакате да дознаете повеќе за нашиот систем на собирање, нашиот тим ќе ви одговори на сите ваши прашања.